Главната расправа за случајот „Меѓународен сојуз“ презакажана за 19 ноември

Од:

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека главната расправа за случајот „Меѓународен сојуз“ наместо утре, ќе се одржи на 19 ноември годинава. Причина за презакажувањето, според Судот, се здравствени пречки на дел од одбраната.

И пред речиси два месеца, на 24 септември, случајот беше одложен за октомври. Тогаш, како што соопшти Кривичниот суд, расправата се одложи зашто еден од обвинетите беше сè уште хоспитализиран по извршен оперативен зафат.

За случајот со невладината организација „Меѓународниот сојуз“ обвинет за измама и перење пари е нејзиниот основач, Бојан Јовановски – Боки 13. Обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13, како и Јасна Мандиќ. Ременски како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се товари за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го поднесе обвинението на 3 јануари годинава, а судот го одобри на 12 мај.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Боки 13 уште е во болница, Апелација ја одложи јавната седница за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски

Трајчева е незадоволна што Ременски е ослободена во “Меѓународен сојуз”, ќе се жали на Апелација

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Ременски: Ова беше долг и измачувачки процес за мене

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Таткото на Боки 13: Умре правдата, пресудата е одмазничка

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма при изрекување на пресудата, Боки 13: Оваа пресуда е доказ дека ти си слуга на Зоран Заев, Господ казнува, не казнуваш ти

Кристијан Ландов