СДСМ: Арсовски нека побара слики од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога на Клиниката за инфективни болести немаше вода

Од:

Срамно, вулгарно и нечовечки е тоа што ВМРО-ДПМНЕ на некрофилски, морбиден начин се потсмева на жртвите од коронавирусот и нивните семејства, што тера политиканство во време на светска пандемија – велат од СДСМ во писмената реакција на денешната изјава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски поврзана со Клинчкиот центар.

„По цели 70 години Венко Филипче, Владата предводена од СДСМ ги реновираа интерните клиники и заедно со медицинскиот тим од нив направија ковид центри за згрижување на пациенти заболени со вирусот ковид 19. Венко Филипче направи систем со кој во секоја болница има ковид центар за згрижување на пациенти, а овозможи и непречено да функционираат редовните интервенции и прегледи во рамките на мој термин.

Додека цел свет е под огромен притисок поради пандемијата со вирусот Ковид 19, ВМРО-ДПМНЕ единствено што има на дневна агенда е спас на наследникот на Груевски, губитникот Христијан Мицкоски. За следната прес-конференција Димче Арсовски нека земе слики од архивата на ВМРО-ДПМНЕ, од Клиниката за инфективни болести кога во време на ВМРО-ДПМНЕ таму немаше ни топла вода. Ако Арсовски не знае бидејќи тоа време беше дел од Демократска десница, нека сврти некој телефон до Будимпешта да го избрифираат“ – стои во реакцијата од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

(ВИДЕО) Манасиевски: Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата

(ВИДЕО) Зекири: СДСМ бара оставка од Таравари по скандалот на Кардиохирургија, ова е хумана катастрофа!

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Како Заев стигнал до златна виза во Дубаи?