Советот на Град Скопје ќе расправа за доделување субвенции за јавните градски претпријатија

Од:

Советот на Град Скопје денеска ќе ја одржи 9. вонредна седница на која ќе расправа за доделување финансиска помош (субвенции) за јавните градски претпријатија, во насока на справување со финансиските последици предизвикани од кризата со корона пандемијата, соопшти Град Скопје.

Со првата одлука, појаснуваат од Градот, Советот ќе расправа за префрлање финансиски средства, доделени од Буџетот на Република Северна Македонија, обезбедени со последниот ребаланс, за субвенции на ЈСП „Скопје“ – Скопје, каде се доделува неповратна финансиска помош за ЈСП „Скопје“ – Скопје во износ од 45 милиони денари.

– Советот на Град Скопје ќе расправа за посебни одлуки, каде со средства од Буџетот на Град Скопје, поради потешкотии во работењето предизвикани од кризата со корона пандемијата треба да се доделат субвенции во вкупна вредност од 75 милиони денари, или 40 милиони денари за ЈП „Комунална хигиена“, 15 милиони денари за ЈП „Водовод и канализација“ и 20 милиони денари за ЈП „Паркови и зеленило“, се вели во соопштението.

Дополнително, Советот ќе расправа и за одлуката за субвенционирање на ЈП „Паркови и зеленило“ за набавка на два система за рана детекција на пожари, за што ќе биде доделена субвенција во износ од 14.160.000 денари, како и за Одлуката за давање согласност на Ценовник на саден материјал на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.

Би можело да ве интересира

Перински: Идниот градоначалник на Скопје ќе биде од ВМРО ДПМНЕ

Јанчева: Додека скопјани се гушат, ДПМНЕ ги намали парите за чист воздух во Буџетот на Скопје за 10 пати

Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија со канцерогени материи

Предраг Петровиќ

Град Скопје: Од 15 институции надлежни за загадувањето, само ние реагираме

Катерина Ѓуровски

Решението за опасната крстосница кај „Љубен Лапе“ заглавено во институционални лавиринти

Тодевски, Стојановски и Петковски се најдобрите полицаец, пожарникар и крводарител на град Скопје