(ВИДЕО) Трипуновски: Седум центиметри го делат Охридското езеро од еколошка катастрофа

Од:

„Се наоѓаме покрај Охридското езеро, бисерот на Македонија, кој заради расипничката влада и Зоран Заев е пред еколошка катастрофа. Езерото е на само 0.07 метри до нивото на минималната кота, односно до истата има уште 7 центиметри. Само уште 7 центиметри го делат Охридското езеро од еколошка катастрофа, рече Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„До сега езерото изгубило многу вода, а моментално водата е падната за 58 центиметри од максималната кота на езерото. Откако Охрид беше на прагот на да го изгуби статусот на УНЕСКО, сега е на прагот да доживее еколошка катастрофа. Охридското езеро е дом на 17 видови на риба, од кои 10 се ендемски, исто така езерото има голем број на ендемска флора, на која со евентуална еколошка катастрофа и се ризикува нејзиниот опстанок.

Охридското езеро е испразнето како резултат на зголеменото испуштање на вода во реката Црни Дрим се со цел производство на струја во двете хидроцентрали низводно на реката, и сето тоа за да се засити желбата за профит на Зоран Заев.

Зоран Заев и СДСМ не сфаќаат дека Охридското езеро е своевидна природна реткост и светско природно наследство која нашата држава за среќа ја има и како такви сме должни да се грижиме за него, како заради нас самите нас, така и заради целиот свет.

Се ризикува животната средина, се ризикува туризмот и се ризикува нормалното живеење на сите во регионот. Зоран Заев и владата мора да понесат одговорност за оваа состојба“, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителот Коцевски да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

Се удави 49 годишник во Охридско Езеро

А1он

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ