Прилепскиот градоначалник волонтира на Инфективното одделение, поради недостатокот на кадар

Од:

Поради големиот број на новозаразени лица, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, од утрово започна да волонтира на Инфективното одделение во Општата болница. Јованоски, кој е специјалист ортопед, во болницата прегледува од 7 часот наутро до 11 часот предпладне.

Градоначалникот Јованоски вчера кажа дека не знае до кога ќе биде неговиот ангажман, но ќе остане со персоналот од инфективното одделение се додека има потреба од тоа.

„Понудив помош и беше прифатена од болницата. Јас припаѓам во ризична група на граѓани на возраст од над 60 години, кај кои е поголема можноста да добијат инфекција или заболат. Тоа е пресметам ризик. Како општествено одговорен граѓанин, кој има дадено Хипократовата заклетва, им се ставам на располагање на моите колеги од секој аспект“, рече вчера Јованоски.

Инаку, во Прилеп за седум денови има над 350 заболени граѓани и 15 починати пациенти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена

Ревизорите открија: Судот во Прилеп работел сомнително