Голем инцидент се случил вчера на југот на Бразил, кога дванаесет затвореници извеле филмско бегство од затворот Пато Бранко, преку тунел што самите го ископале под ѕидовите на објектот.
Полицијата успеа да фати четворица од бегалците, додека осуммина се уште се во бегство, пренесоа бразилските медиуми. Тие биле снимени од надзорните камери како бегаат, а локалните медиуми прашуваат зошто чуварите не реагирале порано.
Ова не е прв пат на ваков начин да побегнат затвореници од Пато Бранко, откако 16 осуденици избегаа на сличен начин, низ тунел, во август годинава.