Уште една тешка кражба на накит на филмскиот фестивал во Кан. Според француските медиуми, дијамантскиот ѓердан на куќата „Де Грисогоно“, кој чини 1.924.600 евра.
Накитот бил украден во вторникот ноќта, за време на вечерата организирана од „Де Грисогоно“ во Антиб.
Француската полиција потврдила дека трага по скап ѓердан, но оти сè уште не може да се каже со сигурност дали накитот бил украден или е загубен.
Женевската златарница „Де Грисогоно“ во вторникот, во рамки на 66. фестивал во Кан, организирала гала вечера, на која присуствувале голем број популарни личности.
Минатиот петок во Кан беше украден накит на „Шопард“, вреден 300.000 евра.