Тирана: Почина пациентот болен од Ковид-19 кој се фрли од вториот кат на Инфективната клиника

Од:

Еден ден откако се одлучи на екстремен чин и скокна од вториот кат на Инфективната клиника во Тирана, почина 69-годишниот пациент со Ковид-19, јавија албанските медиуми.

И покрај напорите на лекарите, Р.Г. од Фиер им подлегнал на серозните повреди со кои се здобил при падот на бетонска патека. Сега почнатиот пациент бил хоспитализиран пред една недела и бил на интензивна терапија.

Неговиот син вчера за медиумите изјави дека татко му немал никакви психички проблеми.

Ова е четврти ваков случај во Албанија од средината на август. Претходно тројца пациенти зазаразени од Ковид-19, на возраст од 29, 65 и 52 години се самоубија со фрлање од балконите на „Шефќет Ндроќи“ или болницата „Ковид два“. И во нивните болнички картони немало податок дека имале какви било психички проблеми.

По се почестите обвинувања за недоволната грижа поради пренатрупаните болници, од страна на роднини на починатите и опозицијата, се огласи премиерот Еди Рама, според кого „вакви нешта се случуваат во многу други држави во Европа“.

-Во Италија од март до август се самоубиле 71 ковид пациент а беа регистрирани и голем број обиди за самоубиство. Во Германија се самоубија четворица паценти, исто толку во и Саудиска Арабија, самоубиства има и во Франција. Зарем и таму, како што овде обвинува опозицијата, самоубиствата ги потикнуваат владите на тие земји.Да плачеш или да се смееш, рече Рама.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“