Египетските власти најавија уште едно големо археолошко откритие

Од:

Египетското Министерство за туризам и антиквитети денес објави дека го имаат откритието на годината. Претставувањето следува деновиве, и тоа ќе опфаќа вкупно 100 насликани саркофази во добра состојба, стари околу 2.600 години.

– Ова денес не е крај на овие истражувања, туку, ми се чини – почеток, рече Калед ел Енани, министер за туризам и антиквитети.

Археолозите кои ја истражуваат некрополата Сакара кај Каиро велат дека на почетокот на октомври пронашле 59 ковчези заедно со дрвени статуи и златни маски. Поголемиот дел од саркофазите имаат слики со човечки ликови.

Наоѓалиштето е познато како Подземен град на мртвите. Всушност, се работи за гробница. Многу од сандаците сè уште содржат тела на луѓе кои биле закопани внатре.

На ова место има најмалку 11 пирамиди, вклучувајќи ја и скалестата пирамида на фараонот Јосер, како и други наоди од времето на Првата династија до коптскиот период.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска