Анализите што ги направило Министерството за труд и социјална политика покажуваат дека до крајот на годинава возрасната граница за пензионирање со 64 години ќе ја достиигнат околу 6.000 лица. Но, како што појасни министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, тоа не значи дека согласно предложените законски измени сите тие ќе одат во пензија, бидејќи дел од нив веќе имаат побарано барање за продолжување на работниот однос.
Таа појасни дека во Собранието пратеници на СДСМ во координација со МТСП поднеле измени на Законот за работни односи со кои се предвидува прекинување на договорите за работа со 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, доколку во друг закон не е поинаку регулирано.
-Според нашите анализи бројката на вработени како од јавен, така и од реален сектор збирно до крајот на 2020 година околу 6.000 вработени ќе наполнат 64 години. Но, тоа не значи дека сите овие граѓани ќе одат во пензија. Дел од нив поднеле барање согласно актуелното законско решение до крајот на 31 август за продолжување на работниот век и после продолжување на наполнување 64 години, а кој се однесува на следната календарска 2021 година, рече министерката.
Вчера пратеничката група на СДСМ објави дека ги поднеле измените во Собранието.