Епл го претстави новиот „Мек-бук-ер“, прв со свој процесор

Од:

Американската фирма Епл денеска го претстави својот нов лаптоп „Мек-бук-ер“ (MacBookAir) и неколку други компјутери со нови процесори развиени од самата компанија.

Според познавачите, овој потег дополнително технолошки ќе ги поврзе компјутерите и „Ајфон“ мобилните телефони на Епл. Тоа пак, би требало да значи и поголема продажба на компјутерите „Епл“.

Продажбата на компјутери „Епл“ носи десетици милијарди долари заработка годишно, но сепак, тоа е помалку во однос на „Ајфоните“. Навестени се и низа апликации што можат да работат и на компјутери и на телефони.

Во меѓувреме, Епл забележа голем скок во продажбата на компјутери благодарение на пандемијата на коронавирусот, на рекордни девет милијарди долари во последното, трето тримесечје.

Сите претходни компјутери на Епл имаа поддршка на „Интел“ процесори. Претставникот на Епл, Тим Кук рече дека компанијата ќе продолжи да соработува со Интел и „наредниве години“, без да појасни до кога точно.

Би можело да ве интересира

Кој е крипто-бегалецот кој се крие во Србија: Контроверзен Кореец ја оштети индустријата за 40 милијарди долари

А1он

„Епл” сака да го отстрани „Твитер“ од продавницата „Ап стор”, Маск збесна

А1он

Прв случај на вработени во малопродажбата на Епл да се приклучат на синдикатот

Ана Ололовска

Апликацијата на Трамп најверојатно од утре во продавницата на Епл

Ана Ололовска

Програмери на апликации во App Store заработиле повеќе од 260 милијарди долари од 2008 година

Ана Ололовска

„Епл“ достигна пазарна капитализација од 3.000 милијарди долари

А1он