Прекинатиот финален натпревар во фудбалскиот Куп на Македонија меѓу екипите на Тетекс и Шкендија ќе се одигра без публика во недела (26 мај) од 20 часот на националната арената „Филип Втори“.
Одлуката за терминот на одигрување на прекинатиот дуел е донесена денеска од страна на надлежните структури на Фудбалската федерација на Македонија, откако синоќа во два наврати поради недолично навивање и националистички пароли во првиот дел беше прекинато финалето кое требаше да биде празник на фудбалот, носе претвори во дебакл.
За жал, поради непримерното однесување на дел од навивачките групи на тетовските ривали, сега никој нема да може во живо да го следи натпреварот.
Вчерашните инциденти беа осудени од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов и од Агенцијата за млади и спорт, кои побараа расветлување на целиот случај и одговорност од иницијаторите.