Берлинскиот процес има незаменлива улога во јакнењето на регионалната соработка и поврзувањето на земјите од регионот со Европската унија на патот кон интеграцијата, нагласи денеска претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
Ѓукановиќ рече дека регионалната соработка несомнено носи позитивни резултати и го забрзува развојот, на „нашите економии и општества како целина“.
– Стабилен, економски и демократски развиен Западен Балкан е геополитички императив, нагласи Ѓукановиќ во говорот на онлајн самитот на Западен Балкан и ЕУ, чиј домаќин е Софија.
Тој посочи дека не постои подобра гаранција за долгорочно одржување на мирот од забрзаниот социјален развој на сите земји во регионот.
– Берлинскиот процес е потврден како најдобра рамка за динамизирање на соработката со цел напредок и исполнување на критериумите за целосна интеграција во ЕУ, додаде Ѓукановиќ.