Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година се комплетираше и ги одработува тренинзите до заминувањето за Израел. Ќе биде тоа претпоследниот предизвик за младите сили во овој квалификациски циклус.
По ремито во Скопје, избраниците на Благоја Милевски се надеваат дека можат да освојат три бода на гостински терен.