Двајца државјани на Албанија осомничени за трговија со марихуана и за напад на полицаец во Гостивар

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца албански државјани за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и кривично дело – спречување на службено лице во вршење службени дејствија.

-Лицата на возраст од 21 и 19 години набавиле наркотична дрога – марихуана од Република Албанија и преку нелегален премин ја внеле во земјава со намера да ја продадат. На 6 ноември, при обид да им биде извршен личен преглед, осомничените дале отпор и ги нападнале полициските службеници, удирајќи ги со тупаници. Првиот осомничен бил совладан и лишен од слобода, а во неговата чанта биле пронајдени околу 890 грама марихуана. Вториот осомничен се дал во бегство, но во утринските часови следниот ден сам се предал во полициска станица, соопшти ОЈО.

Јавниот обвиител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да го повторат делото и да влијаат врз сведоците.​​

Би можело да ве интересира

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски