Арсенал загуби синоќа на домашен терен од Астон Вила со 3:0 во натпреварот од Премиер лигата. За 8 кола, лондонци имаат само девет гола. Ова е нивниот најлош резултат во ефикасност од сезоната 1998/99, кога на првите осум натпревари од Премиер лигата постигнаа исто така девет гола.
Во моментов Арсенал е на 11. место на табелата со само 12 бода од можни 24.
Во горниот дел на табелата се Лестер со 18 бода, Тотенхем и Ливерпул со по 17, Саутемптон има 16.