Пропаѓаат бекатон плочките на пешачката патека во Карпош 4, по градежните работи од минатата година

Од:

Пропаднати бекатон плочки и дупки покриени со гранки веќе неколку дена стојат отворени на пешачката патека во Карпош 4, во близина на слаткарницата „Палма“. Локалните жители, се жалат дека проблемот се појавил откако минатата година Град Скопје вршеле градежни работи на локацијата. Пропаднати плочки, има на неколку места долж патеката.

Од Град Скопје најавија дека ќе го решат проблемот. Оттаму посочија дека интервенции на пешачката патека имало и досега. Новоотворената дупка не била пријавена, па велат дека ќе испратат екипи за санација.

„Ќе ја поправиме“, велат кратко од Град Скопје.

Жителите велат дека проблеми со пропаѓање на бекатон плочките немало пред на патеката да бидат вршени градежни работи во текот на минатата година. По вадењето, а потоа и нивното враќање, велат дека се расклатени, пропаднати, а често се појавуваат и дупки. Кога има врнежи, велат, има и вирови.

Инаку, во јуни минатата година, при градежни работи кои беа правени на пешачката патека, беше пронајден надгробен олтар од римскиот период. За него, беше најавено дека ќе биде пренесен во локалитетот Скупи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите

Ѓорѓиевски: Аеродром добива нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти

ЈСП има нафта уште за денеска

Пуцко Петрол не доставува нафта за ЈСП: Уценетиот Асмир Јахоски учествува во креирањето хаос, обвинува Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ