ЗЗРП: Парите за новогодишно украсување да се пренеманет за инвестиции во здравството

Од:

Во ситуација кога голем дел од јавните здравствени институции работат без основните средства неопходни за нормално пружење на здравствена заштита, а друга страна коронавирусот секојдневно зема загрижувачки број животи, бараме и инститираме градот Скопје и сите други поголеми градови и општини, средствата кои во буџетот ги намениле за новогодишно украсување да ги пренаменат и да ги инвестираат во опрема за јавните здравствени установи, велат од Здружението за заштита на работничките права (ЗЗРП).

„Трошење на средства за новогодишни декорации во услови на пандемија и здравствена криза е непотребно. Анализите покажуваат дека секојдневно губиме млади животи како резултат на несоодветна здравствена грижа и недоволно опрема во јавните здравствени установи. Бараме итно локалната самоуправа да ги стопира сите постапки за јавна набавка и средствата веднаш да бидат пренаменети за здравството“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека според пресметките на Здружението, со средствата кои градот Скопје планира да ги потроши на новогодишни декорации, може да се набават околу 20 болнички возила кои решаваат сериозен и значаен проблем во здравството.

„Потребна е итна акција и делување веднаш. Ги повикуваме членовите на локалните општински совети на првата наредна седница да го постават ова прашање како тема за одлучување и уште веднаш да донесат одлука за пренамена на овие средства“, порачуваат од ЗЗРП, а Владата и ресорните министерства ги повикуваат да ги преземат сите законски можности со цел спречување на, како што велат, непотребно трошење на средства.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство