За неносење маска казнети 283 лица

Од:

Поради неносење маски 283 лица добиле казни во изминатото деноноќие информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 283 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19“ – стои во соопштението од МВР.

Според последните измени на мерките за заштита од коронавирусот, носењето маски е задолжително и на отворени површини. Исклучок од ова се лицата кои спортуваат, децата под шест години како и лицата со посебни потреби.

Би можело да ве интересира

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Изминатиот викенд полицијата напиша 1.711 казни

Хаос во Кичево: Во еден ден казнети дури 86 возачи за сторени сообраќајни прекршоци

Стојкоски: Ќе има кривична одговорност доколку некој несовесно врши угостителска дејност

ФИФА ги казни фудбалските асоцијации на Албанија, Еквадор, Парагвај, Романија, Босна и Херцеговина и Индонезија