СДСМ: Стравот од пораз Мицкоски го затскрива зад лажна загриженост за здравјето на граѓаните

Од:

Мицкоски постојано ги крши мерките за заштита од коронавирусот, а сега не оди на избори во Штип затоа што се плаши од уште еден пораз – велат од СДСМ од каде експресно одговорија на утринското соопштение од ВМРО ДПМНЕ околу сотојбата со коронавирусот.

„Губитникот Христијан Мицкоски бега од изборно соочување во Штип, свесен дека го очекува уште еден пораз од граѓаните за неговите деструктивни, безидејни политики, неконструктивното однесување и немањето став за прашањата, клучни за иднината на државата.

Стравот од уште еден пораз и губењето на фотелјата во белата палата, Мицкоски го затскрива зад лажната загриженост за здравјето на граѓаните. Да се грижеше Мицкоски за здравјето на граѓаните немаше да ги поткопува сите напори во борбата против коронавирусот, со опструкции, критики и лажни вести.

Ни самиот Мицкоски не ги почитуваше мерките за заштита од коронавирусот, одеше по теретани и седеше во кафани, кога тоа беше забрането, а сега оранизира собири, со кои го загрозува здравјето на граѓаните.Само лицемер како Мицкоски бара вонредни парламентарни избори, а истовремено бега од предвремени локални избори во Штип. Мицкоски се обидуваше да избега и од парламентарните избори, и тогаш лажеше дека изборите се опасни за јавното здравје.

Но, институциите предводени од СДСМ на изборите на 15 јули покажаа дека може да се спроведе изборен процес целосно безбеден по здравјето на граѓаните.Граѓаните знаат дека Мицкоски и неговата партија се најголемата закана за здравјето“ – стои во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија