ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкцијата на Универзалната сала е нова лага на Шилегов, немаат проект, ниту план

Од:

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје реагира на најавите на градоначалникот Петре Шилегов за реконструкција на Универзална сала. Во соопштение, советничката група тврди дека градските власти со најавата за дислокација си купиле три години.

„Новата лага на Шилегов се вика реконструкција на Универзалната сала. Оваа негова нова шарена лага се гледа од авион. Нема пресметка за тоа колку би чинела најавената реконструкција, нема план, ниту проект за реализација. Претходната власт на ВМРО ДПМНЕ на Петре Шилегов им остави два завршени проекти. Еден за комплетно нова сала на истото место и вториот проект за темелна реконструкција со проширување на истиот. Бидејќи поминаа три години, а ниту една од можностите не ги искористија, јасно е дека Петре Шилегов “мати празна слама” и продава басни додека Универзалната сала пропаѓа. За три години кое и решение оставено од Трајановски да го искористеше денес Скопје ќе имаше нова сала. На Скопје му треба градоначалник, не шминкер“, стои во соопштението од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот Шилегов денеска објави дека реконструкцијата на Универзална сала ќе биде завршена во 2021 година.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица