Словачка: Граѓаните кои не се тестирале мораат во 13-дневен карантин

Од:

Граѓаните на Словачка кои не учествуваа во масовното тестирање и немаат негативен тест за PCR, мораат да останат во изолација до 14 ноември, се наведува во директивата на Владата што беше издадена денеска.

На луѓето кои не го минале тестот им е забрането да одат на работа, но можат да одат во продавници и да купуваат основни производи или да ги посетуваат здравствените установа.

Од нетестираните граѓани се бара да бидат во своите домови најмалку 13 дена, иако стандардот за карантин за вирусни позитивни луѓе е 10 дена.

Владата наведува дека полицискиот час не е ист со карантинот и дека станува збор за две различни институции.

Бидејќи вториот круг од масовното тестирање нема да се одржи во цела Словачка, пунктовите на единиците за мобилно тестирање од 9 ноември ќе им бидат достапни на сите што сакаат да бидат тестирани. Исклучок од оваа одлука се лицата кои во последните три месеци прележале Ковид-19 и оние чија здравствена состојба исклучува тестирање.

Би можело да ве интересира

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице

Словачка: Дојави за поставени бомби и мини во училиштата и судовите

Горан Наумовски

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Во Словачка се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент