Илир Мета: Верувам дека Тачи и соборците од ОВК се невини

Од:

Откако косовскиот претседател Хашим Тачи поднесе оставка на функцијата, откако Хашкото обвинителство го потврди обвинението против него за воени злосторства, реагираше и албанскот претседател Илир Мета.

Мета на Фејсбук напиша дека го цени чинот на оставка на Тачи и оти верува во неговата и во невиноста на сите негови соборци, како што било потврдено во минатото.

„Војната на Ослободителната војска на Косово е праведна и херојска. Го ценам чинот на оставка на претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, да се соочи со обвинувањата и верувам во неговата и невиноста и на сите негови соборци, како што беше потврдено во минатото. Ова е момент за понатамошно зајакнување на соработката и единството, за најдобар национален интерес“,напиша Мета.

Во својата реакција, собранискиот спикер Грамоз Ручи наведува дека ОВК и нејзиното раководство биле на праведната страна на историјата.

„Делото на Ослободителната војска на Косово е ослободувањето на Косово и неговата независност, постигната со поддршка на народот на Косово и во партнерство со големите и стратешки сојузници на Албанија, Соединетите Американски Држави и НАТО. Косовскиот народ и водачите на ослободителната војна беа на вистинската и праведна страна на историјата. Правдата на оваа војна е докажана со време“,напиша Ручи.

Реагираше и лидерот на опозициската Демократска партја, Љуљзим Баша.

„Убеден сум дека и тие, од претседателот Хашим Тачи, претседателот на Демократската партија, Кадри Весели, поранешниот претседател на Собранието, Јакуп Красниќи и други борци на ОВК, ќе ја потврдат невиноста и ќе му докажат на светот дека обвиненијата за нив се неосновани“, напиша Баша.

Додава дека на страната на ОВК била Северноатланската алијанса на чело со САД, бидејќи „водела праведна војна“.

Претходно реагираше албанскиот премиер Еди Рама кој изрази целосна подршка и во име на цела Албанија.Според него овој процес на истрага ќе послужи за разјаснување на чистотата на Ослободителната војска на Косово.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина