Амнести: Обвинението против Тачи е надеж за вистината за злосторствата

Од:

Меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести Интернешнал (АИ) денеска оцени дека обвинението против косовскиот претседател Хашим Тачи претставува надеж за жртвите на косовската војна да се дознае вистината за злосторствата.

– Обвинението носи надеж за илјадници жртви на косовската војна кои чекаа повеќе од две децении да ја дознаат вистината за ужасните злосторства извршени врз нив и нивните најмили. Обвиненијата, кои се први за Специјалното обвинителство, покажуваат дека високите функционери не се над законот, оцени претставничката на АИ за Балкан, Јелена Сесар.

Според неа, веројатно се убедливи доказите за воените злосторства извршени од раководството на Ослободителната војска на Косово (ОВК), вклучувајќи постојана кампања за прогон на Срби, Роми и политички противници меѓу косовските Албанци.

Некои од наводите вклучуваат вмешаност во трговија со органи, киднапирања, злоставување затвореници и сексуално насилство.

Тачи денеска поднесе оставка од претседателската функција откако беше известен дека Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово, со седиште во Хаг, го потврдил обвинението против него за извршени воени злосторства и злосторства против човештвото за време на војната во 1998 и 1999 година.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски