Нов корона-рекорд и денеска во Албанија, затворени судови и градинки

Од:

Епидемијата на коронавирусот, кој зема се поголем замав во Албанија, ги затвори судовите во градовите Круја и Драч, а до следниот четврток е затворен и судот во Тирана.

Опасниот вирус затвори и градинки во неколку градови, има заразени и во општинските администрации, училиштата, во владата и Парламентот.

Во меѓувреме, и денеска е забележан нов негативен рекорд на заразени, но и на хоспитализирани со Ковид-19.

-Продолжува трендот на високи бројки на новоразарени. Во последните 24 часа тестирани се 1.725 сомнителни случаи, а опасниот вирус е дијагностциран кај 23 отсто од нив или 396 што е највисока бројка на заразени во едно деноноќие досега. Истовремено, во списокот на оздравени се внесени 105 лица, а денеска починаа четворица пациенти, информираа од Министертвото за здравство и социјална политика.

Се додава дека расте и бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување. Моментно во трите ковид болници хоспитализирани се 338 лица.

До сега во оваа земја направени се 131.547 тестови, позитивен резултат е добиен кај 22.300, оздравеле 11.578, додека понале 536 лица.

Од ресорното министертво најавуваат зголемување на бројот на тестови на дневно ниво а пак премиерот Еди Рама, вчера најави дека набрзо ќе бидат набавени и брзи тестови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“