Град Скопје: На пожарникарите им е понуден нов правилник за плата, дијалогот продолжува наредната среда

Од:

Претставници на скопските пожарникари денеска на средба со претставници од Градот Скопје и Владата го продолжија социјалниот дијалог за решавање на настанатиот проблем и наоѓање нови решенија за нивните синдикални барања.На состанокот, како што соопшти Град Скопје, на пожарникарите им бил понуден нов правилник за плата и е договорено социјалниот дијалог да продолжи наредната среда.

Една од главните теми за кои се разговарало е како да се стаса до брзи решенија за исплата на додатоците на плата кои се однесуваат на ризикот и опасноста при работа согласно со кои припадниците на противпожарната бригада треба да примаат 20 отсто повисока плата, почнувајќи од 2014 година. Исто така, и за системски решенија кои ќе подразбираат законски измени во Собранието кои ќе овозможат повеќе средства за пожарникарите.

На средбата присуствуваа претставници од ССМ и од Независниот синдикат на пожарникарите, градоначалникот Петре Шилегов, советникот во Владата за труд и социјална политика, Милан Живковиќ и Владимир Ивчев, од Министерството за одбрана.

-Добрата вест е дека политичка волја за надминување на проблемот постои и кај ЗЕЛС и кај Владата, постојат буџетски средства, а постои и дијалог и со ССМ и со Независниот синдикат на пожарникарите. Проблемот е настанат за време на владеењето на претходната власт, но тоа не значи дека оваа власт нема да го реши. Впрочем, тоа и е разликата во начинот на владеење и одговорноста пред граѓаните, додека некои создаваа проблеми, ние ги решаваме, рекол градоначалникот Шилегов.

Шилегов на средбата додаде дека решенија се барале и во периодот пред да почне протестот на пожарникарите, но преку дијалог дошле до заклучок дека ваквите решенија не се доволно брзи и прифатливи за синдикатот заради што заедно со Владата се работи на изнаоѓање нови решенија кои би можеле да стапат во сила уште во текот на овој месец.

– Упатувам огромна благодарност до припадниците на Противпожарната бригада на Град Скопје за покажаното разбирање за комплексноста на проблемот и за подготвеноста преку дијалог да стигнеме до оптимални решенија преку кои ќе бидат зголемени платите и додатоците, дури и пред донесувањето на законските измени во Собранието, истакнал Шилегов по состанокот со пожарникарите.

Би можело да ве интересира

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски