А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Борисов и Меркел разговарале за приближувањето на македонските и бугарските позиции

by А1он03/11/2020 - 17:3103/11/2020 - 20:37662
Share0

Бугарскиот премиер Бојко Борисов остварил видеоконференциски состанок со германската канцеларка Ангела Меркел, на кој станало збор за обидите на Северна Македонија и Бугарија да ги приближат позициите во однос на недоразбирањата што настанаа изминатиот период, а во насока да се овозможи одржувањето на првата Меѓувладина конференција меѓу земјава и Европската унија.

Добивај вести на вибер

За разговорот со Меркел информираше Борисов на својот фесбук-профил.

-Се заблагодарив за нејзината лична заложба и онаа на германското претседателство за барање формули за да се овозможи почеток на преговорите на Република Северна Македонија за членство во ЕУ. Верувам дека со помош на Германија, особено за време на нејзиното претседателство Советот на ЕУ ќе се донесат силни и правилни одлуки, напиша Борисов на ФБ.

Бугарските медиуми објавија дека половина ден по министерската средба во Берлин, германската канцеларка Ангела Меркел имала разговор преку онлајн врска со бугарскиот премиер Бојко Борисов околу забелешките на Софија за отпочувањето на Меѓувладината конференција.

-Бугарија и јас сме благодарни за посветеноста на германското претседателство и вам лично за изнаоѓање формули што ќе ѝ овозможат на Република Северна Македонија да започне преговори за членство во Европската унија, ѝ рекол Борисов на Меркел, јавува Бугарското национално радио.

Разговорот, како што е објавено, траел 40 минути.

Angela Merkelbojko borisovbugarija dogovor

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 15:42

Меркел негира дека може да биде претседател на Германија

А1он12/02/2026 - 16:53

Ангела Меркел се враќа во политиката

Горан Наумовски12/02/2026 - 10:11

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Катерина Ѓуровски29/01/2026 - 13:31

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски04/01/2026 - 14:12

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Катерина Ѓуровски13/11/2025 - 13:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто