Околу 100 китови денеска се насукале на плажа во близина на главниот град на Шри Ланка, Коломбо.
Морнарицата и волонтери од Шри Ланка брзо дошле да им помогнат на животните, но туркањето огромни китови во морето не е лесно, затоа што океанот ги враќа назад, јави Би-Би-Си.
Сè уште не е познато зошто китовите се насукале, но овој феномен не е толку необичен.
Во септември угинаа стотици китови кои се насукаа на плажите во Австралија.
Тоа беше еден од најмасовните помори на китови затоа што угинаа околу 1.000 од овие морски џинови.