ВИДЕО: Најмалку 19 луѓе, најголем дел студенти, загинаа при напад на Универзитетот во Кабул

Од:

Најмалку десет студенти загинаа во напад врз кампусот на Универзитетот во Кабул, изјави денеска официјален претставник на авганистанските власти.

Извор од полицијата соопшти дека во нападот, кој траеше со часови, биле повредени 15 лица.

Нападот се случил за време на Саем на книгата, на кој присуствувале високи претставници на власта и дипломатскиот кор, меѓу кои и иранскиот амбасадор во земјата.

Според очевидци, напаѓачите отвориле оган кон студенти што се движеле низ кампусот. Еден од студентите во изјава за Ројтерс рече дека маскираните напаѓачи, кои имале пиштоли и „калашникови“, пукале кон секој студент што ќе го видат.

Талибанците, кои водат мировни преговори со владата избрана со поддршка од Вашингтон, соопштија дека нивните борци не учествувале во нападот, а досега ниту една друга група не презеде одговорност.

Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи, Тарик Аријан изјави дека неколку напаѓачи се во кампусот, каде во моментот се борат со припадници на безбедносните сили.

Би можело да ве интересира

Уапсен сопственикот на Телеграм

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот

(ВИДЕО) Спречен е терористички акт во Австрија, уапсен млад маж од Македонија

Горан Наумовски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Во Париз: Автомобил усмрти едно лице, двајца се тешко повредени

Горан Наумовски