Заев: 54 милиони денари награда за здравствените работници и помошно-техничкиот персонал

Од:

Oбезбедуваме 54 милиони денари за награда на здравствените работници и помошно-техничкиот персонал, кои се борат против Ковид-19. Од почетокот на кризата, но и претходно, Владата предводена од #СДСМ презема сериозни чекори за унапредување на здравствениот систем и за зајакнување на неговите капацитети, објави вечерва премиерот Зоран Заев на својот фесбук-профил.

Посочува дека состојбата со коронавирусот е сериозна. Затоа, нагласува, како одговорна партија постојано инвестираме во нашиот здравствен систем, кој со месеци е во борба со пандемијата од Ковид-19.

– Следната година следува зголемување на платите во здравството за 10 отсто. Нашата намера е платите во јавното здравство до 2024 да бидат за 40 отсто повисоки од денес, истакнува премиерот Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот