Арсенал го победи Манчестер jунајтед на гости во Премиер лигата за прв пат по 14 години

Од:

Арсенал вечерва го победи Манчестер јунајтед во рамките на 7. коло од Премиер лигата со 1:0. Ова е прва победа на „топчиите“ во Премиер лигата над „црвените ѓаволи“ на „Олд Трафорд“ од септември 2006 година.

Јунајтед до вечерва имаше серија од 13 натпревари без пораз на домашен терен против Арсенал.

Стрелец на победничкиот погодок за гостите од Лондон беше Пјер-Емерик Обамејанг од пенал во 69 минута.

По овој исход, Арсенал се проби на 7. место со 12 бодови, додека Манчестер падна на 15. позиција со само седум бода.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска