ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов е лицемерен, срамно е што возниот парк на Заеви е колку 10 амбулантни возила

Од:

Директорот на струмичката болница го потврди хаосот и криминалот на семејството Заеви и Филипче во здравството, реагира ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук статусот на на Костадин Костадинов.

„Додека СДСМ и Филипче ги трошат парите од здравството на сопствен луксуз, скапи автомобили и хациенди, струмичката болница нема пари за ново амбулатно возило и бараа донации замислете на Фејсбук. И додека болницата во Струмица нема амбулантно возило, Заев кој самиот е оттаму го има во својата приватна колекција најлуксузниот автомобил во Македонија – Мајбах кој чини 400.000 евра.

Додека болниците молат за помош семејството Заеви има 2 супер – луксузни автомобили Бентли, кое е речиси 200.000 евра. Заев редовно се вози со 10 БМВ мотори, кои се купени на име на една од неговите фирми, а само еден мотор чини 35.000 евра“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Здравството е во очајна состојба. Болницата во Струмица бара донации за возило. Нема ковид тестови, нема вакцини. Државата е во тотален хаос.

Костадин Костадинов е лицемерен, бидејќи кога ВМРО-ДПМНЕ бараше три амбулантни возила за Струмица владата одговори дека нема потреба. А сега ќе се чека 2 месеци за ново возило“, обвини партијата.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО