Директорот на струмичката болница преку Фејсбук бара донации за болничко возило

Од:

Директорот на струмичката општа болница, Наќе Гогов, преку Фејсбук бара донации со кои ќе се купи болничко возило.

Тој вели дека постојните болнички возила се застарени и малку на број, а потребите на болницата се зголемени поради пандемијата со Ковид-19.

„Ве замолувам сите кои сте во можност и сакате да донирате од срце , каде сумата ќе биде по ваша желба да донирате на следната жиро сметка :660270170248596 . Се надевам дека ќе ја покажеме хуманоста на дело“, напиша директорот Гогов на Фејсбук.

Тој напиша дека е свесен дека не би требало да се бараат донации преку Фејсбук, но “ЈЗУ Општа болница -Струмица” има потреба од ново болничко возило кое ќе биде од корист за сите граѓани од Струмица и струмичкиот регион.

Сепак, по неколку часа од објавата на Фејсбук, тој се предомисли и го избриша напишаното.

„Обезбедивме донација за набавка на ново болничко возило, затоа немаше повеќе потреба од напишаното на Фејсбук“, рече Гогов, одговарајќи на нашето прашање зошто статусот повеќе го нема на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е осомничен за убиство, со нож избодел познаник

47-годишен струмичанец осомничен за убиство откако со нож ранил познаник

Земјотрес почувствуван во Струмица и околината

Струмица се прости од младиот музичар Ѓоргиев

Горан Наумовски

Во Струмица, Гевгелија и Валандово собири во спомен на загинатите во пожарот во Кочани

Горан Наумовски

Разрешени се сите членови на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал