Здружението за канабис „Билка“: Бараме итна декриминализација на канабисот за лична употреба до 50 грама

Од:

Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ на првиот македонски канабис-форум ги презентира своите барања пред јавноста во насока на подобрување на законските регулативи за медицински канабис, како и за негова легализација.

Од здружението бараат декриминализација на канабисот преку измени на два закона, односно Законот за контрола на опојните дроги и психотропните супстанци и Кривичниот законик со законско детерминирање на количината за лична употреба од педесет грама.

На прес-конференцијата се обрати претседателот на здружението „Билка“, Јанаки Митровски, кој поопширно ги претстави барањата на здружението.

„Бараме итна декриминализација на канабисот за лична употреба во количина до 50 грама преку измена на Кривичниот законик, чл. 215 и 122, сметаме дека е недозволиво да бидеме под прогон со кршење на Уставот и начелото на владеење на правото како основен постулат во Уставот. Друга точка е ретроактивно бришење на кривичната евиденција на сите уживатели на канабис или пациенти шот се гонети на ваков начин преку намера за продажба“, изјави Митровски.

Тој побара легализација на канабисот и неговата декриминализација до десет стебла од домаќинство за сите оние лица што имаат состојба што државата ја препознава дека канабисот може да се употреби при лекување и до три растенија од домаќинство за рекреативна употреба.

Здружението бара и носење посебен закон за канабис. Митровски соопшти дека веќе имаат контакти со пратеници со кои ќе работат на тоа веднаш по Нова година, законот да ги внесе сите одредби за растението, почнувајќи од основање посебна агенција, услови за добивање лиценца, како и предвидување казни.

Претседателот на здружението очекува дека раководната позиција на таквата новоформирана агенција треба да дојде од невладиниот сектор, а не од редовите на бирократијата или политичките партии.

Тие бараат исто така основање институт за канабис при Факултетот за земјоделство при УКИМ и вклучување на индустрискиот коноп со широка примена.

Свое обраќање на првиот македонски канабис-форум имаше и членот на управниот одбор на здружението, Елена Митровска, која побара итна измена на правилникот на Министерството за здравство, од кое очекува да ги прошири областите каде што може да се препише канабисот, а кои засега се ограничени на четири болести (ХИВ, канцер, мултипла склероза и епилепсија кај деца) бидејќи, како што посочи таа, во светот постојат над сто болести што се третираат и лекуваат со канабис.

Таа додаде дека потребно е да постои специјална комисија коа ќе може барем еднаш годишно да го ревидира правилникот за листата на болести каде што ќе може да се користи канабисот.

Од здружението бараат да има промени во правилникот во насока да се дозволи препишување на канабисот за медицински цели од приватното здравство.

Митровска од властите побара воведување услов секое правно лице што ќе се регистрира во Македонија да има можност да пласира производи со канабис на домашниот пазар.

„Ние како здружение и секој од нас индивидуално како активист ја поддржува експанзијата на бизнис-секторот, но целиот пласман засега оди надвор, сметаме дека е крајно небулозно бидејќи македонскиот граѓанин нема никаков бенефит од легализирање на канабисот во медицински цели“, додаде Митровска.

Здружението упати апел до сите политички фактори, невладиниот сектор и до граѓанството во државата да се вклучат во нивната борба бидејќи, како што посочи Митровски, со усвојување на нивните барања државата ќе има здравствена и економска корист.

Би можело да ве интересира

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Петмина под истрага за разбојништво во фабрика за канабис во Чегране

ВИДЕО: Запленети 1053 стебла канабис, фирма од Гостивар садела без дозвола

Катерина Ѓуровски

Овци во Грција бараа свежа трева по поплавите и изедоа 100 килограми канабис

Во Грција уапсен македонски државјанин со 45 килограми канабис

Катерина Ѓуровски

Купувањето и поседување до 30 грама канабис во Германија би можело да биде ослободено од казни

А1он