Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, Мирослав Стојановски и денеска посочи дека СДСМ во Куманово се распаѓа.
„Се потврди она што ВМРО-ДПМНЕ упорно со години наназад го говореше, дека недомаќински се раководи општина Куманово и дека општинските фирмите се во КОЛАПС. Негативните финансиски извештаи за работата на овие претпријатија не можеа да ги гласаат ниту советниците на СДСМ. Дури и тие не го сокрија срамот на нивниот градоначалник Дамјановски. Премногу е очигледно штетното работење за да биде сокриено.
Се покажа дека проектот за гасификација на Куманово е само мит кој го продава Дамјановски како евтин популистички трик, од кој никаква реална корист немаат кумановчани.
Се покажа дека е катастрофален извештајот за работата на ЈП Водовод кој не доби зелено светло дури и од советниците на СДСМ.
Официјално со ова се призна дека и ЈП Куманово Паркинг прерасна во уште еден општински загубар.
Со лаги и манипулации не се работи. Кога-тогаш тие ќе излезат на површина. Дамјановски се покри со сопствената кал.
Мнозинството на советот на Општина Куманово го потврди она што ВМРО-ДПМНЕ постојано го говореше, дека Дамјановски работи неодговорно, се води од лични и бизнис интереси. Не изгради ниту еден капитален проект и не ги решава проблемите на Кумановчани. И тоа е евидентно, Дамјановски е веќе втор мандат градоначалник на Куманово и нема повеќе оправдувања. Ова не може да го затскрие ниту СДСМ“, рече Стојановски.