Шилегов: Скопје беше прва локална самоуправа во Европа со проект „Култура во време на корона“

Од:

Градот Скопје беше прва локална самоуправа во Европа која реализираше проект „Култура во време на корона“, рече градоначалникот Петре Шилегов, додавајќи дека од една страна проектот бил финансиска поддршка за културните работници кои немаат некаков формален работен однос со институција, а од друга страна им се овозможиле забавни содржини на граѓаните во време на забрана за движење.

На денешната 58.седница на Советот на Град Скопје, на која советниците поставуваа прашања за работата на градоначалникот, градската администрација, јавните претпријатија и јавните културни установи во надлежност на Градот, Шилегов рече дека реализацијата на овој проект била на исклучително високо ниво – се организираа над 50 настапи со повеќе од 200 изведувачи, а проследени од над 500 000 гледачи на социјалните мрежи и на балконите во осум различни општини во Скопје.

На прашање за состојбите со Универзалната сала, Шилегов одговори дека постојниот објект ќе се реконструира во сегашниот облик и големина, а средствата треба да се добијат од претстојниот ребаланс на Буџетот на РСМ коj очекува да биде изгласан деновиве.

Бидејќи стручната фела се изјаснила дека на локацијата на Универзалната сала не е возможно да се изгради објект со поголеми димензии, Шилегов рече дека негова желба била да се реконструира Универзалната сала во постојаниот габарит, а да се изгради нова концертна сала на друга локација.

– Во првиот дел успеавме и сакам да се заблагодарам за разбирањето на Претседателот на Владата и на Министерството за култура, каде се издвојуваат средства со ребалансот на Буџетот во износ од 2 милиона евра, каде по носењето на ребалансот овие средства ќе бидат префрлени на посебна наменска сметка на Град Скопје. Во меѓувреме, ние вршиме проценки и пресметки за веднаш штом ќе ги добиеме средствата да може да ги започнеме постапките за јавни набавки и што е можно побргу да започне реконструкцијата на Универзалната сала. Јас се надевам дека сите постапки ќе се одвиваат брзо за на почетокот на следната концерта сезона, по шест години, Универзалната сала повторно да биде отворена, рече Шилегов.

Додаде дека тука неговите активности нема да застанат и дека досега има одржано повеќе средби со министерката за култура за плановите за изградба на нова, поголема концертна сала која би ги задоволила потребите на градот.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз