(ВИДЕО) Заев: Не е прифатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Од:

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите кои доаѓаат од Бугарија.

„Не е прифатливо“, изрично рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали може да се прифати тврдењето на Бугарија дека македонскиот јазик и идентитет извираат од бугарскиот.

„Факт е дека имаме заедничка историја, тоа го има во учебниците. Низ вековите сме имале заедничка историја и тоа е убава можност која можеме да ја искористиме во иднината“, рече Заев.

Премиерот денеска присуствуваше на седницата на Советот на безбедност кој беше свикан од претседателот Стево Пендаровски.

Пендаровски рече дека до него воопшто не стигнала информацијата за која беше прашан од новинарите, дека во Брисел бил постигнат договор за компримис меѓу Македонија и Бугарија.

„Преговори за македонскиот идентитет и јазик никогаш немало и нема да има“, изјави Пендаровски.

Тој вели дека со зачувувањето на црвените линии на двете земји е возможен договор.

„Ќе се најде компромис, исто како што се најде со Грците“, рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Новата министерка за надворешни работи на Бугарија е креаторот на „Францускиот предлог“

А1он

Филипче: Македонскиот јазик не е загорезен, Мицкоски прдолжува со лажната одбрана на идентитетот

Одбележување на Денот на македонскиот јазик

Мицкоски: Бугарскиот наратив кон Македонија нема да се промени

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка