Ана Брнабиќ ќе живее во вилата на Јованка Броз

Од:

Српската премиерка Ана Брнабиќ може да започне да ја користи вилата во Белград каде со децении живееше вдовицата на Јосип Броз Тито, Јованка Броз.

Со декрет на Владата, вилата во улицата Кнез Александар Караѓоре на Дедиње ставена е во објектите за репрезентативни потреби на Република Србија. Одлуката е објавена во Службен весник и е потпишана лично од Ана Брнабиќ.

Не е познато кога Брнабиќ ќе се пресели во државната вила малку позната како „Бор“, а повеќе по вдовицата на Тито, но зградата е скоро целосно подготвена за премиерката и нејзиното семејство.

-Вилата на Јованка првпат по речиси шест децении беше реновирана претходните месеци, а медиумите претходно пишуваа дека нејзиното обновување е платено од 30 до 50 милиони динари (340.000 евра), додека директорот на Републичката управа за имот Јован Воркапиќ претходно изјави дека за целосна реконструкција на објектот се потребни околу 2,5 милиони евра.

Јованка Броз, вдовицата на поранешниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, почина на 20 октомври 2013 година.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија