Портпаролот на Владата Душко Арсовски вели дека постојано се преземаат мерки за справување со загадувањето, но оти тоа не е проблем кој може да се реши за кусо време.
-Изминатиот период постојано се преземаат мерки. Она што како инфорамација го имаме е дека Програмата за намалување на аерозагадувањето, за која првпат се издвоија пари, продолжи да се спроведува и оваа 2020 година. Речиси е при крај нејзината реализација. Таа содржи низа технички мерки. Она што може да се спомене како резултат во оваа година за која зборуваме е дека во 28 објекти е заменета опрема еколошки системи за греење во граиндки, основни и средни училишта, здравствени објекти, со вкупен износ од 37,4 милиони денари. Нешто за над оваа сума се издвоени за 28 објекти каде што е интервенирано за да се вградат енергетски ефикасни фасади и кровови на јавни објекти, рече тој на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.
Додаде дека во тек е јавна набавка за обновување на урбаното зеленило во општините во вредност од пет милиони денари.
-Мерки постојано се спроведуваат според она што е план на Министерството за животна средина и просторно планирање и на Владата. Ова е проблем којшто не може да се реши за кусо време, истакна владиниот портпарол.
Арсовски реше дека според последните информации од Министерството во однос на загаденоста на воздухот за септември се забележува многу мала отстапка и тоа во четири или пет градови над дозволениот максимум на ПМ10 честички. За октомври, рече, ги очекуваме информациите.
Според него, сите анализи покажуваат дека во загадувањето голем удел има и греењето.
-Сите анализи покажуват дека и тоа е дел од проблемот. Значи начинот на кој домаќинствата се загреваат. Не залудно се оние проекти – замена на стари печки, подобрување во тој дел за да се заменат со горива кои нема да ја загадуват животната средина, рече Арсовски.
Ова додаде е дел од проблемот инајави дека Владата и натаму заедно со сите институции и гражаните ќе работи на негово надминување.