Учебник за шесто одделение: Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти, совет за трпение

Од:

Во текст насловен „Три добри совети“ во учебникот по македонски јазик за шесто одделение, преку пример децата треба да научат како да бидат трпеливи: „По некое време селанецот се скарал со жена си и дигнал секира да ја заколе, но веднаш се сетил на советот: „Кога ќе се налутиш, изброј до петнаесет, па после да го извршиш тоа што си намислил“.

Ова е извадок од текст кој е пренесен како народна приказна во која се раскажува како еден селанец со три алтани купил три совети.

Ова не е прв пат во учебниците да се најдат примери и текстови кои се дел од образовната методологија на кои надлежните за ревизија не обрнуваат внимание на штетата која може да ја сторат во образованието на децата.

„При анализа на текстот, ученикот го прашав што научи од овој текст, одговорот беше очекуван ‘ако те изнервира жена ти, изброј до петнаесет пред да ја заколеш“, вели мајка на ученик додека му помагала во домашната задача.

Учебникот по македонски јазик за шесто одделение е потпишан нод Снежана Велкова и Соња Јовановска и е одобрен во 2011 година а продолжен со одлука на Министерството за образование за 2020 година. Рецезенти се Гоце Цветановски, Татјана Пеливанова и Наташа Киркова, сите потпишани како професори.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците