Пробиен сајтот на кампањата на Трамп, хакерите му оставија порака за лажните информации

Од:

Официјалната веб-страница на претседателската кампања на Доналд Трамп била кратко време хакирана во средата, една недела пред изборите во САД на 3 ноември.

На сајтот неколку минути стоела порака дека „оваа веб-локација е запленета“, по што следела порака „Светот е заситен од лажни информации кои претседателот секојдневно ги шири“

Авторите на пораката тврделе дека имаат доверливи информации за Трамп и неговата Влада, и барале плаќање во криптовалута за да се открие нејзината содржина. Меѓутоа, тие не приложиле никакви докази за таквите тврдења.

Портпаролот на кампањата Трамп 2020, Тим Мурто, го потврди хакирањето на сајтот, истакнувајќи дека соработуваат со полицијата за да се најде изворот на нападот, додавајќи дека страницата повторно е во функција.

Би можело да ве интересира

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Трамп: Да се ​​надеваме на договор меѓу Украина и Русија оваа недела

Горан Наумовски

Масовни протести на Американците против Трамп

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната