Иако кризата ја промени еуфоријата со која Словенците се приклучија кон европското семејство, кога на референдумот во 2003 година за влез во ЕУ гласаше 87%, сепак мнозинството граѓани се’ уште смета дека тоа било добра одлука. Останатата една третина им припаѓа на евроскептиците, покажа анкетата за Европската унија која ја спроведе Факултетот за применети општествени студии од Нова Горица.
На прашањето дали треба Словенија да остане или излезе од ЕУ, 63% од испитаниците одговориле дека треба да остане, додека 31% дека треба да ја напушти Унијата.
Слично е и расположението на Словенците за тоа дали треба да останат или не во еврозоната. За останување во Европската монетарна унија, задржување на еврото и да се следат мерките против кризата се изјасните потврдно 60% од анкетираните. Од друга страна, за излез од еврозоната и повторно враќање на словенскиот толар гласале 34%.
Петар Клинчарски