Баша: Рама е непријател на Албанците и заложник на мафијата

Од:

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, го нарече премиерот Еди Рама непријател на Албанците.

Додаде дека Рама си игра со животот на Албанците, и го обвини дека е заложник на мафијата.

-Тој е заложник на мафијата и ја стави својата глава над животот на Албанците, или можеби од страв од напуштање на власта стана идентичен како диктаторите на Северна Африка, рече Баша.

Тој му порача на Рама дека не може да избега од кризата во која ја втурна земјата, не може да се затскрие а ниту да измислува изговори или пропагандни шеги за да даде едноставен одговор зошто бројот на тестови за Ковид-19 не се зголемува.

– Денеска исплати три милиони евра од државната каса за договор за двојни трошоци со ЈПП за патот на Арбр а немаш пари за заштитна опрема за здравствениот кадар и за тестови. Врвни домашни експерти во континуитет бараат да се прават од 2.000-2.500 тестови дневно а од тоа ништо, рече Баша.

Повикувајќи се на инфектолози и епидемиолози, Баша рече дека, цели семејства не се тестирани што значи дека бројот на заразените на дневно ниво е дури неколкупати повисок од оној кој официјално се соопштува.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

А1он

Силен земјотрес ја погоди Албанија