Сер Алекс Фергусон на вчерашниот натпревар со ВБА кој заврши неверојатни 5:5 и официјално ја заврши својата богата менаџерска кариера, а на ebay може да се купи гумата за џвакање што тој ја џвакал на последниот меч.
Веројатно некој досетлив навивач ја собрал од зелената трева и сега ја продава.
Тоа беше 1.500 меч за Алекс Фергусон на клупата на Манчестер јунајтед, воедно и последен како менаџер на „црвените ѓаволи“, а тој отсега ќе биде член на Бордот на директори на клубот. А засега има осум понуди за мастиката и таа достигна вредност од 28 фунти.