Семејна медицина во Македонија 1999-2013

Од:

Семејна медицина е медицинска специјалност посветенa на сеопфатна здравствена заштита на луѓето од сите возрасти.

Тaа е дел од примарната здравствена заштита, која обезбедува континуиранa и сеопфатна здравствена заштита за поединецот и семејството без оглед на возраста, полот, болестите или деловите од телото. Таа се базира на познавање на пациентот во контекст на семејството и заедницата (холистички пристап), нагласувајќи ја превенцијата на болестите и промоцијата на здравјето.

Семејната медицина и семејните доктори играат многу важна улога во здравствените системи ширум светот и воедно претставува најсеопфатна и најевтина здравствена заштита.

Причина за развој на стратегија за имплементација на семејната медицина во Македонија беше одлуката на Владата на Република Македонија да воведе до 2020 година специјализирани семејни лекари како водечки членови на тимовите („тим лидери“) кои обезбедуваат здравствени услуги на ниво на примарна здравствена заштита (ПЗЗ).

Toa e е во согласност со глобалната политика за постигнување на стандарди за квалитет, кои на целото население би му понудиле добра, подеднаква и квалитетна здравствена заштита, а тоа на Република Македонија ќе и овозможи интегрирање согласно стандрадите на Европската унија. Според овие стандарди, сите доктори по медицина треба да имаат поминато соодветна постдипломска обука пред да можат да ординираат самостојно. Центарот за семејна медицина-Медицински факултет Скопје го одбележува светскиот ден на Семејниот лекар 19 мај и своето постоење промовирајќи ги своите досегашни и идни активности.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство