Претседателот Иванов се сретна со претставници на универзитетите

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска се сретна со раководствата на универзитетите во Република Македонија.

На средбата присуствуваа ректорите на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Велимир Стојковски, Југоисточна Европа Замир Дика, „Гоце Делчев“ – Штип Саша Митрев и проректорите на универзитетите „Климент Охридски“- Битола Сашо Атанасоски, „Свети Апостол Павле“ – Охрид Братислав Станковиќ и на Државниот универзитет во Тетово, Арбер Челику.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Претседателот, биле разгледани ставовите, забелешките, впечатоците и предлозите за унапредување на системот на студии, кои биле изнесени од студентите со највисок просек на студии од универзитетите во Република Македонија на шестте средби што претседателот Иванов ги оствари во периодот од март 2012 до април 2013 година, во рамки на својата програма и политика на дејност кон младите и студентите.

– Присутните на средбата ја поздравија иницијативата на претседателот Иванов и се заблагодарија за можноста да ги изнесат своите размислувања во однос на работата на универзитетите.

Претставниците на универзитетите констатираа дека предизвиците со кои се соочуваат високообразовните институции во својата работа треба да се решаваат на систематски начин, а решенијата што се нудат да бидат комплементарни, се вели во соопштението.

На средбата, се додава, претседателот Иванов порачал дека универзитетите и студентите треба да се прилагодат на новото време, кое, како што истакнал, бара постојано надоградување на знаењата и вештините.

– Иднината на државата ни зависи од кадрите што излегуваат од универзитетите, посочил претседателот Иванов.

Македонскиот претседател побарал универзитетите да нудат решенија согласно тенденциите во општеството и согласно потребите на пазарот на трудот. Претседателот Иванов и неговите соговорници се согласија дека ваквиот тип средби треба да продолжи, со цел изнесените сугестии и идеи да добијат своја соодветна примена.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on