Димитров во посета на Париз за поддршка за првата меѓувладина конференција со ЕУ

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Франција во, како нагласуваат од СЕП, исклучително важен момент за Северна Македонија во пресрет на дефинирањето на Преговарачката рамка која што треба да ги инкорпорира елементите што произлегуваат од новата методологија за пристапни преговори, иницирана токму од Париз.

За време на посетата на Париз, прва по формирањето на новата Влада, предвидени се средби на Димитров со државниот секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи Клеман Бон, претседателот на Комисијата за европски прашања во Сенатот на Франција Жан-Франсуа Рапен, со Изабел Думон, дипломатски советник за Континентална Европа и Турција во Kабинетот на претседателот Макрон, со Каролин Вино, заменик на генералниот секетар за европски прашања при Владата на Франција и со Лилиана Танги, пратеничка во Националното собрание.

-Во фокусот на разговорите ќе бидат француската поддршка во оваа клучна фаза од нашите евроинтеграции – одржувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ до крајот на годинава; динамиката на усвојувањето на Преговарачката рамка, а ќе се разговара и за напредокот на Северна Македонија нотиран во Извештајот на Европската комисија, како и за клучните приоритети од ЕУ агендата на кои што Владата ќе биде фокусирана во следниот период, наведуваа од СЕП.

Би можело да ве интересира

ЕУ ги менува правилата поради Украина и Молдавија

А1он

Орбан: Западот планира да ја ограби Украина под изговор дека сака да ја заштити

Медиуми: Домаќинствата во земјите од ЕУ се предупредени да подготват пакети за преживување

ЕУ ја забрзува трката по минерали – нов повик за рудници, Македонија ќе се усогласува

Предраг Петровиќ

Голдшмит: Босна и Херцеговина дефинитивно не е подготвена да биде вклучена во ЕУ

„Фајненшл тајмс“: ЕУ стравува дека Трамп ќе биде обвинета за воениот неуспех на Украина