Николовски на 25.Конгрес: СДСМ е најнапредната партија која постојано го слуша гласот на граѓаните

Од:

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, на отворањето на првиот дигитален конгрес на СДСМ, се оврна на активностите на партијата во изминатиот период.

Започнавме со серијал отворени граѓански трибини „На прав пат“ кои се одржаа во сите поголеми градови во државата, следуваа маалски и урбани среби, како и програмските трибини „Агенда 20-24“ каде ги презентиравме клучните проекти и политики од новата програма на СДСМ, рече Николовски.

Тој додаде дека извештајот од работењето опфаќа речиси 2000 активности систематизирани по области и аспкети.

„За периодот на функционирање на ЦИШ од извештаите имаме евиденција дека Општинските изборни штабови одржале 859 состаноци и средби, шефовите на ОИШ 195, се одржале 149 состаноци со различни целни групи на општинско ниво, 303 средби на терен во месните одбори, преку 560 маалски и урбани средби, 36 трибини низ целата држава и други евидентирани активности, вкупно и точно 1809. Не се ова голи бројки, ова се параметри кои кажуваат на темелност, посветеност, работа и само работа, затоа СДСМ денеска е најнапредната партија која функционира модерно, европски по строги стандарди кои постојано се унапредуваат“, истакна Николовски.

Тој додаде дека СДСМ повторно и постојано е со граѓаните, над 60 маалски средби се одржани во изминатиот месец, почитувајќи ги протоколите за заштита на здравјето.

„Го слушаме гласот на секој наш човек, тука сме за граѓаните, за општините, за државата. И така треба да продолжиме“ нагласи генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на отврањето на Конгресот.

Би можело да ве интересира

Николовски: Срамен и скандалозен „одговор“ на Трипуновски за мега – скандалот со ИПАРД средствата

Николовски: Над 130 милиони евра во мирување по скандалот со ИПАРД, СДСМ предлага решение за деблокада

Николовски: Мега-скандалот со ИПАРД се потврди, ќе поднесе ли сега конечно Трипуновски оставка

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски не е релевантен да говори за тема корупција, тој е корупцијата во земјоделството

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД