Кипарската православна црква ја призна Православната црква на Украина како автокефална и таа е трета црква од православниот свет што го стори тоа, по Грчката црква и Александриската патријаршија.
На литургијата вчера, кипарскиот архиепископ Хрисостомос за првпат го спомна името на митрополитот на Киев и цела Украина, Епифаниј, со што, како што се наведува, официјално ја признава православната црква на Украина
Украинската црква се заблагодари на Кипарската црква за признавањето.