Србија ќе има нови министерства за село, човекови права и семејство

Од:

Во српскиот парламент стигнат е Предлог-закон за министерства, кој предвидува Владата на Србија да добие уште три нови ресори – Министерство за човекови и малцински права и социјален дијалог, Министерство за семејна грижа и демографија, како и Министерството за грижа на селата.

Покрај новите, Владата на Србија ќе ги има веќе познати министерства: финансии, економија, земјоделство, шумарство и водостопанство, заштита на животната средина, градежништво, транспорт и инфраструктура, рударство и енергетика, трговија, туризам и телекомуникации.

Во Владата ќе бидат и Министерството за правда, државната администрација и локалната самоуправа, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, за надворешни работи, Министерството за европски интеграции, како и министерствата за образование, здравство, млади и спорт, култура и информирање, за труд, вработување и социјални работи.

Предлог-законот го потпишаа 167 пратеници од пратеничката група „Александар Вучиќ за нашите деца“ на Српска напредна партија (СНС).

Собранието за нацрт-законот ќе расправа по итна постапка во сабота, на 24 октомври, за да може да се избере новата Влада, што е најавено за среда, на 28 октомври 2020 година.

Составот на новата Влада на Србија, треба да биде познат по седница на претседателството на СНС, која како што е најавено, ќе се одржи во недела.

Мандатар за составот на новата влада е досегашната премиерка Ана Брнабиќ, која ќе ја изршува и фукнцијата министер за надворешни работеи. Досегашниот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ вчера беше изгласан за претседател на највисокиот законодавен дом на Србија.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија